Го движиме железничкиот транспорт

Клучни предности

Погледнете ги нашите решенија
1000_1000_px_kolska
600_800_px_kolska_2

За Нас

Фабрика за шински возила Колска

Фабриката за шински возила Колска ДООЕЛ Велес, е водечки производител на железнички возила и делови во регионот, со повеќе од 100 години традиција и експертиза. Нашата мисија е да обезбедиме безбедни, иновативни и ефикасни решенија за железничкиот транспорт.

Се гордееме со нашиот тим на високо обучени инженери, техничари и стручњаци кои работат со најсовремена технологија за да ги задоволат највисоките европски и меѓународни стандарди.

Нашата Мисија

Нашата мисија е да ја обновиме и модернизираме железничката инфраструктура преку производство, ремонт и иновација на патнички и товарни вагони. Фабриката за шински возила Колска ДООЕЛ Велес, претставува клучен двигател во развојот на современ железнички транспорт во регионот. Со долгогодишно искуство, стручност и технолошка подготвеност, ние создавааме решенија кои ги задоволуваат највисоките стандарди на безбедност, ефикасност и одржливост. Нашиот фокус е насочен кон постојано унапредување на процесите и производите, со цел да одговориме на потребите на современото патничко и товарно железничко сообраќајно работење. Веруваме во иднина каде железницата ќе биде главен мотор на економскиот развој и еколошки одржлив транспорт. Колска ДООЕЛ Велес — традиција, иновација и визија за железничкиот транспорт на утрешнината.

1000_1000_kolska

100 години искуство


Сертифицирани според ЕУ стандарди


Домашна и регионална доверба


Што Правиме:

Производство на нови патнички и товарни вагони

Ремонт и модернизација на постојни вагони

Производство на резервни делови

Специјализирани решенија по нарачка

Одржлив пристап и еколошки процеси